Пари Сен Жермен оствари победа и со два гола предност (3-1) ќе патува на реваншот кај Астон Вила во четвртфиналето на ЛШ.

Првата шанса ја имаше Дембеле,  а потоа Мартинез одбрани и зицер на  Хакими. Непрецизен беше и Витиња, па стигна казната.

Астон Вила поведе во 35 минута,  Тилеманс асистираше доРоџерс кој откосо ја затресе мрежата на Донарума.

Само четири минути подоцна ПСЖ го изедначи резултатот. Маестрален гол постигна младиот Дуе, со удар откосо од околу дваесетина метри под самата пречка. Истиот играч имаше шанса за уште еден гол уште во првиот дел.

ПСЖ направи пресврт на стартот на второто полувреме со голот на Кварацкелија. Одличен пас испрати Руиз, а грузиецот со дриблинг се ослободи од дефанзивецот и со силен удар под пречката ја затресе мрежата на Мартинез, за водство од 2-1 во 49 минута.

Победата на ПСЖ ја осигура Нуно Мендеш во 92. минута по асистенција од Дембеле кој погоди за 3-1.

Головите од Париз може да ги видите ОВДЕ.