Имено, турските медиуми на големо шпекулираат дека за нашиот фудбаелр сериозен интерес има од шампионот на оваа земја, Трабзонспор.
30 годишниот фудбалер веќе подолг период е следен од раководната структура на Трабзонспор која сега ќе се обиде да направи финални преговори со играчот во обид да го ангажира ова лето.
Алиоски и по заминувањето од Лидс се поврзуваше со турскиот тим, но тогаш тој се реши да ја прифати побогатата понуда од Ал Ахли и кариерата да ја продолжи во овој тим.
Од турскиот клуб се задоволни од тоа што го прикажувал фудбалерот и од можноста тој да покрива на неколку позиции на теренот.
Инаку, Трабзонспор како шампион на Турција за оваа сезона има загарантирано место во плеј-офот за Лигата на шампионите за следната сезона и само една пречка го дели до пласман во најелитното европско натпреварување.