Голем дел од шпанските и англиските медиуми пишуваат дека Френки Де Јонг дал зелено светло за трансфер од Барселона ова лето.
Откако стана јасно дека каталонскиот клуб ќе мора да стори се за да го пополни буџетот,за жал ќе мора да се ослободи од услугите на холандскиот фудбалер. Френки Де Јонг донел одлука да не притиска за негово останување во клубот и ќе се обиде да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, клуб кој сериозно е заинтересиран за неговите услуги.
„Телеграф“ пишува дека од Манчестер Јунајтед и официјално влегле во преговори со Барселона за ангажман на холандскиот фудбалер кој е прва желба на новиот тренер на клубот, Ерик Тен Хаг.
Според најавите, Барселона бара 80 милиони евра за Де Јонг, додека Манчестер Јунајтед ќе притиска трансферот да изнесува околу 60 милиони евра плус бонуси.
Де Јонг има уште две години од актуелниот договор во Барселона, а финансиските проблеми на клубот веројатно ќе го натераат играчот предвреме да го заврши престојот на „Камп Ноу“.