Повеќе од една деценија Баерн Минхен беше шампион на Германија, но дури и при таква доминација, баварскиот гигант е незадоволен од губењето на тронот оваа сезона.
Поради тоа, планира повторно да ја примени старата тактика и да го собере најдоброто од својот најголем ривал. Не е важно дали фудбалерите кои ги сака ќе се вклопат во концепцијата и дали му се потребни на новиот тренер чие име уште не се знае, важно е само да се уништи противникот.
Баерн прво ќе го врати во Минхен Јосип Станишиќ, кој оваа сезона игра на позајмица во Баер и покажа дека тимот од Минхен погрешил кога го испратил во Леверкузен. Раководството на Баер се обиде да го откупи неговиот договор, но од довчерашниот шампион порачаа дека нема шанси тоа да се случи. Покрај него, пред портите на Баерн е 20-годишниот Флоријан Вирц, како и Фримпонг кој сезонава постигна 12 гола и 11 асистенции.
Ова не е првпат Баерн да го собира најдоброто од својот најголем ривал во дадениот момент. Пред две децении ги донесе Лусио и Балак од Баер, а пред нешто повеќе од една деценија и Геце и Левандовски од Борусија Дортмунд, во период кога „милионерите“ со Клоп се закануваа да направат династија во германскиот фудбал.