Спектакуларен натпревар се одигра меѓу екипите на Арсенал и Баерн кој сепак заврши со спорен момент
Во самата завршница напаѓачот Букајо Сака падна како покосен по еден дуел со Нојер и сите на „Емирати“ очекуваа најстрога казна, но судијата Најберг не мислеше така и не ја прекина играта. Неколку секунди подоцна доби потврда од ВАР собата и досуди крај на натпреварот.
Јавноста е поделена околу тоа дали „топџиите“ се оштетени во првиот четвртфинален натпревар против Баерн.