Арсенал го забележа третиот пораз во Премиер лигата од стартот на сезоната, но ова е втор кој „топчиите“ го губат во ситуација кога се случува неверојатна ВАР-фарса на теренот.
Поради тоа, погодокот на Соучек остана да важи и Вест Хем поведе со 0:1 во 13-та минута, а овој момент секако го промени текот на мечот во кој Арсенал целосно доминираше во почетната фаза.
Избраниците на Артета се изнапромашија и истовремено го разбранија Ареола, а во вториот дел беа казнети со втор гол кој беше дело на Мавропанос по прекин.
Од овој момент, Арсенал имаше 35 минути да брка израмнување или целосен пресврт, но на крајот можеше да загуби и поубедливо, бидејќи Вест Хем не реализираше пенал преку Бенрама во судиското продолжение.
Видеото од контроверзниот момент погледнете го ТУКА