Синоќа на натпреварот од Чемпионшип, Сандерленд и Лидс одиграа 2-2, гостите беа на прагот на победа, но примија гол по еден неверојатен кикс на голманот Илан Месли длабоко во судиското продолжение.

Сите очекуваа дека лесно ќе ја фати топката, но тој некако успеа да ја пропушти. Ова дефинитивно е еден од најголемите киксови на фудбалските терени.