Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ по тешка битка триумфираше против Американецот Алекс Микелсен со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6 на стартот на турнирот во Шангај, Кина.
Микелсен даде голем отпор од самиот почеток и направи брејк на стартот на дуелот за водство од 2-0, а истото траеше сè до седмиот гем кога Ѓоковиќ го врати брејкот и потоа сервираше одлично за израмнување. Сетот се решаваше во тај-брејк каде што Србинот беше подобар со 7-3.
Вториот сет беше идентичен на првиот, со тоа што Ѓоковиќ овој пат прв направи брејк и поведе со 3-1, но набрзо Микелсен го возврати ударот и израмни на 4-4. Во вториот тај-брејк повторно се водеше голема битка, но Ѓоковиќ излезе како победник со 11-9.
Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против победникот од дуелот меѓу Флавио Коболи и Станислав Вавринка.