Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше против Италијанецот Лоренцо Музети со 3-0 во сетови, односно 6-4, 7-6 и 6-4 за пласман во финалето на Вимблдон.
Ѓоковиќ направи брејк во шестиот гем за предност од 4-2, по што пропушти две сет-топки, а Музети со брејк намали на 4-5. Сепак, српскиот тенисер ја доврши работата во следниот гем и славеше со 6-4.
Вториот сет почна добро за Италијанецот кој направи брејк и го одржуваше водството до 3-3, кога Ѓоковиќ возврати со иста мера. Победникот во сетот се решаваше во тај-брејк каде што Србинот беше подобар со 7-2.
Србинот во третиот сет веднаш направи брејк на сервисот на Музети и го одржуваше водството до крајот па славеше со 6-4.
Ѓоковиќ ќе има шанса да му се реваншира на Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, откако минатата година загуби со 2-3 во сетови.