Лина Ѓорческа се пласира во четвртфинале на ИТФ турнирот во Рим. Нејзината противничка Кристина Дину од Романија го предаде натпреварот при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2-0 во гемови во вториот сет.
Ова беше седми меѓусебен дуел на овие две тенисерки, а Ѓорческа сега има предност од 5-2 и притоа има серија од пет победи.
Мечот траеше 48 минути, а Ѓорческа имаше целосна контрола, успеа да спаси и шест брејк топки, а имаше и четири брејка од пет можности.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот Варвара Лепченко (САД, четврта носителка) и Сузан Бандекин (Швајцарија, квалификантка).