Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа имаше одличен настап на фјучерсот во Рим каде стигна до големото финале во кое загуби од Оксана Селехметева, но тоа е веќе зад неа и фокусот е веќе на турнирот во Порто каде отвори со супер партија за пласман во втората рунда.
Ѓорческа си поигра со домашната претставничка Карла Томаи на која и препушти само еден гејм во мечот кој траеше точно 37 минути.
Нашиот најдобар рекет триумфираше со 6-0 и 6-1, и ќе игра против четвртата носителка на турнирот Маја Џоинт од Австралија која е на 161 место на ВТА листата.
Ова е фјучерс кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 60.000 долари.