Шпанскиот тенисер Рафаел Надал остана непоразен од почетокот на годината и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако синоќа во четврфиналето славеше над Австралиецот Ник Кирјос во три сета со 2:1 (7-6, 5-7, 6-4). Дуелот траеше скоро три часа и му донесе нов триумф на четвртиот светски рекет, со што ја продолжи фантастичната серија од почетокот на новата сезона со 19 победи во 19 натпревари.
„Мислам дека одиграв доста добро во моментов. Тешко е против Ник бидејќи многу често ја менува динамиката, а неговиот сервис е одличен, особено првиот“, изјави Надал.
Шпанецот по 11. пат се пласираше во полуфиналето во Индијан Велс, каде за противник ќе го има младиот сонародник Карлос Алкараз.