Кралот на Торонто е Данил Медведев. Вториот тенисер на АТП ранкинг листата го освои Мастерсот по триумфот во финалето против Американецот Рајли Опелка по два сета – 6: 4, 6: 3, за час и 27 минути игра.
Ова е четврта мастерс тутула на Медведев. Тој не се прослави на Вимблдон, каде стигна до осминафиналето, застана во четвртфиналето на Олимписките игри, а сега потврди дека традиционално добро игра во Северна Америка.
Ова е трета титула за рускиот тенисер оваа година по Марсеј и Мајорка, но најважна бидејќи се работи за мастерс, односно турнир од серијата 1.000. Вториот рекет во светот не дозволи изненадување во финалето.
По Торонто, најдобрите тенисери во светот се селат на Мастерсот во Синсинати. Турнирот во Охајо ќе биде последна проверка пред УС Опен, последен грен слем во сезоната, и турнир со најголем награден фонд.