На еден локален турнир за боречки вештини во Тајланд, борбара меѓу двајца натпреварувачи завршила без победник што е вистинска реткост. Имено, и двајцата борци паднале во исто време откако брутално се нокаутирале.
Од самиот почеток борбата беше тензична и жестока, а конечниот епилог од тепачката ги воодушеви љубителите на жестоките удари.
https://twitter.com/RootsOfCombat/status/1461137877992148999?s=20
Во еден момент судијата дозволи борбата да продолжи, тие се придвижија еден кон друг и упатија толку силни удари што и двајцата завршија на подот.
Вакви завршетоци на борби се случуваат, но сепак се вистинска реткост и никој не можеше да претпостави дека може да се случи вакво нешто. Публиката беше воодушевена, а изненаден беше и коментаторот.