Светскиот гигант кога се во прашање спортските медиуми, ЕСПН во објаснувањето на форматот за баражот за пласманот на Светското првенство ги спои Португалија и Македонија.
Форматот на овој бараж ќе биде поразличен од претходните, тој треба да донесе поголеми возбудувања, а „ЕСПН“ замислува како Роналдо во Скопје против Македонија би можел да се бори за пласман на Светско првенство.
„Од дванаесетте тима кои се пласираа во баражот, на крајот ќе останат само три кои ќе одат на СП во Катар, овој формат носи посебна драма и тензија. За неутралните спектакл, а за навивачите на земјите кои учествуваат, нервоза“– се вели во текстот на „ЕСПН“.
„Во основа имаме три фајнл-фор турнири со по еден меч во полуфинале и финале. Шест репрезентации се носители (Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс), тие имаат предност на домашен терен во полуфиналето против шесте неносители (Турција, Полска, Македонија, Украина, Австрија и Чешка). И замислете, отворена е и опцијата Кристијано Роналдо со Португалија во Скопје да се бори против Македонија за пласман на Светското првенство.“
Таквото сценариото како што го замислува „ЕСПН“ е возможно само доколку Македонија се пласира во финале, тој меч би можеле да го играме на домашен терен бидејќи за финалето домаќинот се одредува со ждрепка.