Борусија Дортмунд го победи Фрајбург со 5-1 на домашен терен во 19. коло во Бундеслигата и сега има три бода помалку и натпревар повеќе од водечкиот Баерн.
Домаќините дуелот го решија во првото полувреме во кое Томас Меуниер постигна два гола во 14. и 29. минута, на двата на асистенција на Јулијан Брант.
Во судиското продолжение на првото полувреме, Халанд зголеми на 3:0 за гостите да се вратат во игра во 61. минута со голот на Демировиќ. Но, Халанд во 75. минута го реши прашањето на победникот со својот 15. првенствен гол, а високата победа на Борусија во 86. минута ја потврди Дахуд.
Standings provided by SofaScore LiveScore