Црвена Звезда и официјално е нов шампион на Србија, шести пат по ред, откако вечерва со победата со 4-1 против ТСЦ Бачка Топола ја завери круната која беше јасно од поодамна дека ќе ја освојат.
Белградските црвено-бели на убедлив начин со 23 бода пред најблискиот ривал стигна до шампионската титула, која имаше голем влог, зашто со освојување обезбедија директен пласман во ЛШ, штоа значи обезбедени 25 милиони евра за настап во новата сезона во мултимилионското друштво.
Иако ТСЦ прв поведе со гол од пенал по 20 минути игра откако Ѓаковац погоди во мрежата на српскиот првак, до полувреме Букари израмни, а во вториот дел додаде уште два гола за хет-трик, додека еден постигна Гејлор Канга.
Ц. Звезда сега има 85 гола на шест кола до крајот и предизвик за првакот кога титулата е веќе осигурана ќе биде да се стигне до магичната бројка од 100 бодови во сезона.