Атлетико Мадрид се мачеше против Селта Виго, но успеа да го скрши отпорот во 89. минута за нови три бода во шпанската Примера.
Селта беше подобар противник на теренот за нијанса, но не реализираше ниту една од своите шанси, иако ги имаше дури 14, а не им помогна ниту црвениот картон на Савиќ.
Јунак на „црвено-белите“ на овој меч беше новајлијата Депај кој ги замолкна критичарите со деби-погодок за огромни три бода во Виго. Холанѓанецот реализира во 89. минута, со одлична реакција во казнениот простор.
- Голот на Депај за победа:
Атлетико има 38 бодови на четвртата позиција во Ла Лига, односно еден помалку од третопласираниот Реал Сосиедад.