Поранешниот француски шампион Лил оствари победа против Стразбур со 2-0 на домашен терен во 23. коло и со тоа скокна до петтото место во Лига 1.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме и тоа од Џонатан Давид, кој прво во 23. минута погоди од пенал, а потоа во 28. минута од игра.

Лил има 41 бод на петтата позиција, односно шест помалку од топ-3 позициите кои водат во  ЛШ.

На останатите натпревари Анже одигра 1-1 против Оксер, Монпелје славеше против Брест (3-0), додека Ремс ја декласира Троа со 4-0.