Лацио нанижа втора победа по ред во Серија А, откако беше подобар од Монца со 1-0 и благодарение на новиот триумф скокна до втората позиција во првенството.
ВАР-технологијата ги разочара гостите од Монца бидејќи им поништи гол во 13. минута затоа што Петања бил во недозволена позиција, по што Лацио создаваше шанси и напаѓаше, а конечно до водство стигна дури во 69. минута преку Ромеро.
Голот на Ромеро беше доволен за нова победа на Лацио, па така „небесно-сините“ во моментов имаат 30 бодови, колку што има и Милан, но тие имаат подобра гол-разлика од „росонерите, додека на првата позиција останува Наполи со 38 бода.