Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака имаше неверојатно промашување на дуелот со Евертон кој се играше на „Олф Трафорд“.
При резултат 0-0, Ван-Бисака се најде во добра позиција по стативата која ја погоди Антони, меѓутоа иако беше празна мрежата со оглед на тоа што Пикфорд имаше реакција со која беше на другата страна тој ја испрати топката покрај голот.