Чукуезе одигра фудбалска симултанка на „Сантијаго Бернабеу“, на гости кај Реал Мадрид.

Чукуезе постигна два гола во победата од 2:3 на Вилјареал, која беше остварена со пресврт во второто полувреме откако Винисиус Жуниор изведе магија во 48-та минута.

Бразилецот постигна неверојатен гол на стартот на второто полувреме.

Чукуезе со еден продор по десната страна асистираше до своите соиграчи и Моралес израмни на 2:2, но клучниот момент се случи десет минути подоцна, односно во 80-та.

Разиграниот фудбалер на Вилјареал испрати неодбранлив удар во мрежата на Куртоа, па овој гол се покажа како одлучувачки за триумф.