Катастрофалната сезона на Далас маверикс и изостанувањето од годинешниот плејоф е главна причина за големо незадоволство кај Лука Дончиќ, но и стравот кај челниците на овој клуб дека тој би можел да побара да биде испратен во друг клуб.
Ова е потврдено од неколку добро информирани американски новинари, меѓу кои има и такви што отидоа чекор понапред најавувајќи дека Словенецот би можел да стане соиграч на Никола Јокиќ во Денвер нагетс. Според нив, „телињата“ во замена за Дончиќ би ги добиле Џамал Мареј и најверојатно Мајкл Портер јуниор, како и неколку пикови од следните драфтови.
Ако летово се оствари оваа најава, составот од Колорадо преку ноќ би станал најголем фаворит за титулата предводен од двете најголеми балкански ѕвезди и во моментов најдобри кошаркари во НБА.