Кошаркарите на Црвена ѕвезда и третпат по ред се поразени во Евролигата, овој пат од Баерн во Минхен со 74-66. „Црвено-белите“ остануваат на 10 победи во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување и имаат заостанување од три победи на седум кола до крајот на регуларниот дел од екипите кои се на позициите кои водат во плеј-ин разигрувањето.

Црвена ѕвезда одлично го започна натпреварот, но Баерн до крајот на првата четвртина направи пресврт и со предност од минимални 20-19 замина на пауза. Домашните до крајот на мечот не го испуштија водството, а кошаркарите на Црвена ѕвезда во втората четвртина постигнаа само осум поени.

 

 

Иако „црвено-белите“ постојано успеваа да се одржуваат на едноцифрена негатива, сепак не успеаја да дојдат до комплетен резултатски пресврт и победа со која колку-толку ќе ги задржеа шансите за пласман во разигрувањето.

Букер за германскиот тим постигна 22 поени, кај србите најдобар беше Смарт со 13 поени.

Монако славеше во дербито на 27. коло на Евролигата против Барселона (67-77). Средбата во „Палау Блауграна“ понуди голема борба, а Французите се радуваа на триумф со пресврт во второто полувреме. Каталонците водеа од стартот на мечот, меѓутоа потоа „кнезовите“ се наметнаа и дојдоа до пресврт и триумф. Јан Весели од Барса имаше „дабл-дабл“ со 19 поени и 10 скока, додека Монако го предводеше Мајк Џејмс со 17 поени.

На останатите терени Фенербахче беше убедлив против Басконија со 111-96. Асвел на свој паркет го совлада Милано со 81-77, Олимпијакос се истакна како гостин во Каунас кај Жалгирис (76-95).