Машката селекција на Македонија „Под 18“ години, стигна до убедлива победа на првата, од двете планирани пријателски средби против Бугарија, во Сандански.
Нашите јуниори, иако без помошта на „сениорите“ Теодор Симиќ и Рубин Стефанов, стигнаа до висок триумф на првата проверка во Сандански, (81:57).
Освен првиот период во кој домаќините успеваа да парираат на играта на нашите јуниори , се друго беше на страната на тимот кој го предводи селекторот Тони Симиќ.
До полувремето Македонија изгради двоцифрена предност, за оваа „контрола“ ја затвориме со уште поубедлива предност од 24. поени.
Нашата селекција доминираше во скокот, имаше дури 15.скока повеќе во однос на ривалот, повеќе асистенции и пред се, доста добра реализација од поле.
Виктор Стојковски со 20 поени, беше првото поентерско име во нашата јуниорска репрезентација. Тома Стојановски реализираше 13 , а Петар Бошалески уште 12поени (девет скока).
Двете селекциии ќе одиграат уште еден контролен натпревар, по што нашата селекција се враќа во Скопје каде ќе продолжи со подготовките за настап на ЕП од „А“ Дивизијата во Измир.