Валенсија имаше лош почеток на мечот и Виртус Болоња ја доби првата четвртина со 27-19, а до полувреме водеше со 50-38.
Тимот на Димитријевиќ намали на пет негатива (51-56) на средината на третата четвртина, но не можеше да направи и целосен пресврт, а Виртус Болоња запиша победа од 83-73.
Риверо постигна 17 поени и имаше три скокови за Валенсија, додека Шенгелија постигна 15 поени, три скокови и три асистенции на спротивната страна.
Вториот финалист во Еврокупот е Бурсаспор кој сензационално исфрли неколку фаворити, а последна жртва во полуфиналето им беше тимот на Андора.