Голден Стејт Вориорс ја забележаа седмата последователна победа во НБА лигата и со скор 18:2 и понатаму го држат првото место. Вориорс постигнаа нов успех со победата од 105:90 на гости кај Лос Анџелес Клиперс, со новата одлична партија на нивната ѕвезда Стивен Кари.

Незапирливиот Кари го одигра осмиот последователен натпревар во кој ја надмина границата од 30 поени. Посебно беше инспириран во последната четвртина од мечот, во која го истури бесот поради техничка грешка на домаќинот со три врзани тројки во 75 секунди, што ја претвори предноста од 12 поени на Вориорс во разлика од 21 бод за неговиот тим.