Црвена Ѕвезда во драматичен финиш го совлада израелскиот гигант Макаби во Тел Авив со 89:86 и остана во игра за пласман во Топ-8 екипи што ќе играат за титулата во Евролигата.
Белграѓани водеа убедливо и со 16 поени разлика, но таа се стопи во самиот финиш кога домаќините намалија на еден поен.
Сепак Вилдоза погоди две слободни фрлања на 7 секунди до крајот за предност од 87:84.
Болдвин со 38 поени за Макаби беше најефикасен на мечот, а Недовиќ кај Црвена Ѕвезда уфрли 28 поени.
Црвена Ѕвезда сега има биланс од 11 победи и 13 порази, Макаби е со ефект 12-12, а најмногу се чини ќе профитира вечниот ривал на Ѕвезда, екипата на Партизан која го прескокна Макаби и е седми на табелата.