Eкипата на Олимпија Милано загуби против Монако кој и пред натпреварот важеше за фаворит. На теренот таа улога ја оправда и славеше победа од 93-80.
Овој натпревар беше и дебитантски за Ненад Димитријевиќ во Евролигата, одигра сосема солидно а постигна 11 поени, шест скокови и пет асистенции за 20 минути поминати на теренот.
Монако уште во првите две четвртини ја стекна предноста и изгледаше сигурно и мотивирано. На паузата Французите водеа со 47-26. Во второто полувреме италијанскиот тим успеа да ја ублажи негативата, но не и сериозно да го загрози водството на Монако.
Најефикасен во победничкиот тим беше Алфа Диало со 20 поени, додека Армони Брукс постигна четири помалку кај Милано.
Жалгирис одигра солиден меч пред своите гледачи и ја совлада славната Барселона со 74-67.
Најефикасен кај литванскиот гигант беше Силвиан Франциско со 19 поени, а кај Барселона најдобар поединец беше Николас Лапровитола, кој оствари 17 поени. Актуелниот европски шампион Панатинаикос беше подобар од Алба Берлин со 77-87.