Повредата на скочниот зглоб не остави никаква трага врз Дончиќ. Словенецот со блексава партија во која постигна 53 поени го водеше Далас до победа над Детроит од 111:105.

Лука Дончиќ продолжува со брилијантните изданија оваа сезона, словенечкиот кошаркар доминираше на мечот против Детроит кој беше решен во последната четвртина кога Далас со пресврт дојде до победа од шест поени разлика.

Дончиќ постигна 53 поени, имаше осум скокови и пет асистенции. Во последните 50 години 5+ натпревари со 50+ поени во првите пет сезони имале само Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

 

На спротивната страна, во составот на Детроит, најдобар беше Богдановиќ кој постигна 29 поени.