Ектор Белерин, десниот бек Барселона после само шест месеци го напушта „Камп Ноу“ и ќе го официјализира трансферот во португалски Спортинг Лисабон.
Според информациите веќе сѐ е договорено и Барса ќе добие отштета за бекот кој во Спортинг доаѓа како замена за Педро Поро, кој заминува во англиски Тотенхем за 45 милиони евра.
Белерин беше еден од фудбалерите кои до лето треба да си заминат од Барселона, која има проблем за идната сезона со барањето од Ла Лига да го скрати буџетот поради финансиската криза, за дополнителни 200 милиони евра.