Младинскиот тим на Брера Струмица одигра уште еден одличен натпревар на „Купот пријателство“ кој се игра на Златибор и со денешната победа над Железничар од 3:1 се пласира во четвртфиналето.
Одлични беа младите фудбалери на Ѓорѓе Стојчев и во двете полувремиња, а по првиот дел имаа водство од 2-1. Два гола за Брера постигна Крстев во 20. и 41. минута. Вториот гол на Крстев беше вистинско ремек дело- еврогол, а конечните 3-1 пред крајот на средбата ги постави Андоновски.
Пред денешниот натпревар, вчера струмичкиот клуб беше подобар и од Партизан со резултат 2-1. И во тој натпревар видовме еден прекрасен гол на фудбалерите на Брера, а беше дело на Спасов.
За противник во четвртфиналето, зависи од расплетот во групата Д каде што за второто место се борат: Осијек, Будуќност и Сараево.
Четвртфиналето е на програмата на 7. јуни па така фудбалерите на Брера имаат еден ден одмор.