Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш ќе остане на „Олд Трафорд“ и во наредните пет години. Португалецот кој беше кобен за фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за СП, ќе добие нов подобрен договор од раководството на Манчестер Јунајтед.
Бруно Фернандеш дојде на „Олд Трафорд“ пред две години и веднаш се наметна како еден од главните играчи во средниот ред на „црвените ѓаволи“. Во моментот, без него не може да се замисли линијата за врска во составот на Ралф Рангник.
Манчестер Јунајтед во моментот се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер – лигата и до крајот на шампионатот ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.