Двајцата српски фудбалски репрезентативци ги сакаат двата пола и веќе извесно време се во врска еден со друг, ексклузивно дознава српски Курир.
И двајцата ја кријат својата склоноста кон истиот пол како змиска нога, а како параван служи тоа што во јавноста се претставуваат како примерни, семејни луѓе. Но, тоа не е се. Едниот со години е во шема со синот на сопственикот на голема компанија кој исто така е вклучена во фудбал.
Овој љубовен машки триаголник го разоткри сопругата на еден од фудбалерите кога на заедничко патување случајно наишла на нивните пораки, како на Инстаграм, така и на мобилните апликации Viber и WhatsApp.
– Овој невиден скандал меѓу двајца спортисти и син на бизнисмен е поголем од која било афера за која сте пишувале досега. Сите тројца во општеството се преправаат дека се големи заводници, а всушност … Жената знае дека едниот е во врска со маж, а за другиот не сум сигурна. Но, таа не обрнува внимание на тоа и двајцата живеат повеќе од удобен живот. Начинот на живот кој навистина го живеат и како се претставени во јавноста е небо и земја – вели изворот на Курир, близок до сопругата на фудбалер кој сака и жени и мажи.
Според него, се започнало кога синот на тој бизнисмен му предложил на фудбалерот со кој се зближил преку пријател да пробаат врска.
-Имаше девојка, но му се допадна фудбалерот и успеа да го запознае преку пријател. Малку по малку се зближија и станаа неразделни. Честото дружење на неговата сопруга и станало сомнително, па на почетокот мислела дека уживаат со жени. Тоа е точно, но тие жени им служеа само како параван за другите пријатели кои беа со нив. Таа жена на секој начин се обидувала да ги раздели нив, но колку полошо му зборувала на мажот за тоа момче, толку повеќе го бранел и повеќе се дружел и излегувал со него. Од друга страна тие се гледаат редовно и досега нивната врска е толку силна што никој не може да ги раздели, а овој другиот фудбалер само одвреме-навреме долетува кај колегата – заклучува изворот на Курир.