Роман Абрамович го продава Челси, а засега се појавија неколку сериозни имиња кои се подготвени да ги преземат „сините“ од Лондон. Русинот бара три милијарди фунти за клубот од „Стемфорд Бриџ“, а за продажба на Челси е задолжена американската банка „Raine Group“.

Засега три имиња се најсериозни за преземање на Челси.

Џим Ретклиф е најбогатиот Британец, неговото богатство се проценува на приближно шест милијарди фунти, а веќе поседува два клуба – францускиот Ница и швајцарскиот Лозана-Спорт. Ретклиф (69) живее во Лондон и има претплатен билет за домашните натпревари на Челси, иако е деклариран навивач на Манчестер Јунајтед.

Швајцарскиот милијардер, 86-годишниот Хансјорг Вис, би сакал да го купи Челси и на тој начин да го додаде лондонскиот клуб на две франшизи од Лос Анџелес во неговата корпорација – безбол тимот ЛА Доџерс и кошаркарскиот тим ЛА Лејкерс.

Третиот заинтересиран купувач кој го споменуваат англиските медиуми е Стивен Рос, 81-годишен Американец кој своето богатство го изградил со инвестирање во недвижен имот. Тој е сопственик на НФЛ тимот Мајами Долфинс и нивниот стадион Хард Рок, а исто така е еден од оние кои сè уште стојат цврсто на идејата за основање на фудбалска Суперлига.