Египетскиот тим Ал Ахли денеска триумфираше со 4-2 против јапонскиот Урава Ред Дајмондс во битката за трето место на Светското клупско првенство во Саудиска Арабија.
Ал Ахли поведе со голот на Јасер Ибрахим во 19. минута, а потоа погоди Тау за водство од 2-0. Јапонците намалија преку Канте во 43. минута, додека Шолц ја врати Урава во игра со голот во 54. минута и го изедначи резултатот.
Урава, сепак, се распадна по автоголот на Коизуми во 60. минута за ново водство на фараоните, додека победата ја потврди Малуи во финишот во 98. минута, кој претходно промаши пенал.
По 2020 и 2021 година, Ал-Ахли повторно ја освојува бронзата. Ланскиот пораз во „малото финале“ од Фламенго само ја прекина добрата низа на египетскиот претставник на Светското клупско првенство, кој секоја година е во полуфинале.