Фудбалерите на европскиот шампион Манчестер Сити експресно дадоа гол во финалето на Светското клупско првенство, откако по само 40 секунди дојдоа до предност против бразилскиот  Флуминенсе.

Младиот напаѓач Хулијан Алварез беше стрелец на голот, откако добро ја следеше акцијата во која Натан Аке погоди статива. Аргентинецот ја сочека топката на петерецот и го матира противничкиот голман за 1-0.

Овој погодок е најбрз во финалињата на Светското клупско првенство.

https://twitter.com/i/status/1738258811088220413