Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски продолжува со одлични игри во првенството на Бугарија. Тој беше стрелец на два гола во триумфот (2-4) на Ботев Враца на гости кај Локомотив Пловдив.

Бабунски го отвори резултатот од пенал во десеттата минута, а потоа погоди и во 48.минута од дуелот. Со овие два гола, Дориан стигна до бројката од десет погодоци во првенството на Бугарија и е втор стрелец на листата зад играчот на Лудогорец Сотироу кој има еден повеќе.

Погодоците на Бабунски погледнете ги ТУКА.