Медиумите од Островот објавија дека Челси не може повеќе да прави трансфери и да потпишува нови договори со фудбалерите, како и да продава дресови во фан-шопот, а тоа изгледа како првиот чекор кон распад на гигантот.
„Тајмс“ објави дека еден од најголемите спонзори на екипата, кој го има главното лого на дресот планира да го разгледа и поништи договорот, кој на „сините“ им носи дури 40 милиони фунти годишно. А се очекува овој потег да го следат и останатите спонзори на екипата од „Стемфорд бриџ“.