Барселона продолжува со победи и е лидер во Ла Лига, со големи шанси да ја врати титулата на „Ноу Камп“. Реновираната Барса предводена од Чави Ернандез можеби не е толку атрактивна како порано, меѓутоа ги добива натпреварите. Така беше против Хетафе кога во слаба игра триумфираа само со 1:0 со голот на Педри.
Можеби не е најефикасна, но по 17 кола во првенството Барселона ја има најдобрата одбрана не само во Шпанија туку и во Европа. Досега има примено шест гола што е клупски рекорд бидејќи се надминати достигнувањата од сезоните 1986/87 и 2017/18 кога примила по седум гола после 17 одиграни натпревари.
Сепак, апсолутниот рекорд го држи Ла Коруња која во 1993/94 примила само пет гола во истиот период.
Од 17 меча на дури 13 не се затресе мрежата на голманот Тер Штеген, а најблиску до Барса по примени голови е Виљареал.
Од шест примени гола досега, два се од пенали (против Реал и Осасуна). Барселона се уште нема примено гол на „Ноу Камп“ во досегашниот дел од сезоната.