Барселона доживеа нокаут од Вилјареал (0-2) на „Камп Ноу“, додека победи остварија тимовите на Атлетико Мадрид против Реал Сосиедад (2-1) и Севилја против Атлетик Билбао (1-0).
„Жолтата подморница“ преку Педраза во 41. минута го отвори резултатот во Каталонија (1-0), по што Барселона го контролираше мечот и имаше шанси за израмнување, но не ги искористи, па стигна казната преку Гомез (2-0).
Атлетико Мадрид постигна голови преку Де Пол и Кореа за водство од 2-0 во второто полувреме, додека Реал Сосиедад стрелаше за конечни 1-2 во 93. минута.
Севилја со еден погодок го реши мечот против Атлетик Билбао, а тој беше дело на Рафа Мир во 68. минута од средбата.