Можеби полека минуваат најдобрите години на Марио Балотели, но ексцентричниот Италијанец сеуште има што да им понуди на фудбалските фанови.
Тој во неделата повторно се најде во центарот на вниманието постигнувајќи дури пет гола на еден натпревар од турското првенство, поточно во победата на неговата Адана над Гезтепе со резултат 7:0.
Балотели ја затресе мрежата во 33., 36., 44., 62. и 70. минута.
Посебно впечатлив беше голот кога по неколку последователни „велосипеди“ со популарната „рабона“ ја испрати топката во подалечниот агол.
https://twitter.com/Millar_Colin/status/1528441192039469063?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1528441192039469063%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D22nav_id%3D2158890
Балотели ја заврши сезоната со 13 гола и најверојатно ќе го напушти турскиот тим.
На крајот Адана заврши на 9. место со 55 бодови.
Шампионот Трабзон и вицешампионот Фенербахче ќе се пласираат во Лигата на шампионите, додека Коња и Башакшехир ќе се пласираат во Конференциската лига.