Ињаки Вилијамс напаѓачот на Атлетик Билбао, одигра 224 последователни натпревари во Ла Лига за својот клуб без да пропушти натпревар во период од шест години. Ова е едно надреално постигнување во модерниот фудбал, кога голем број на фудбалери се обременети и од повреди и од суспензии.
Вчера на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, како дел од 32. коло од шпанската Ла Лига, Атлетик го пречека тимот на Селта и за жал на домашните навивачи беше поразен со 2:0.
Вилијамс се појави и на овој меч во составот на Баскијците за да го запише својот 224 натпревар по ред за Атлетик. Вилијамс е во Билбао од 1 јули 2015 година. Напаѓачот оваа сезона ги одигра сите 32 натпревари во Примера, постигнувајќи седум гола и три асистенции.