Аргентинa ја победи Венецуела со 3:1 на гостувањето во Каракас во натпревар од Квалификациите за Светско Првенство, а мечот го одбележа еден брутален старт врз мега ѕвездата на гаучосите Лионел Меси.

Инцидентот се случи уште во 25. минута кога Адријан Мартинез стартуваше брутално на новиот фудбалер на ПСЖ, а за среќа Меси можеше да го продолжи натпреварот без проблеми.

Мартинез доби директен црвен картон, па неговото отсуство од теренот им ја олесни работата на Аргентинците кои постигнаа три гола и победија.

https://twitter.com/JoySportsGH/status/1433591706432192523?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1433591706432192523%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2021%2F09%2F03%2FD184D183D0B4D0B1D0B0D0BBD0B5D180-D0BDD0B0-D0B2D0B5D0BDD0B5D186D183D0B5D0BBD0B0-D0B7D0B0-D0BCD0B0D0BBD0BAD183-D19CD0B5-D0BCD183-D198D0B0%2F