Фудбалерите на Рома остварија победа над Милан во ефикасен натпревар кој се одигра во Перт Австралија, со убедливи 5-2 (2-1). Средбата на „Оптус Стадион“ во австралискиот град беше последна во сезоната за двете екипи и сега следува одмор. За последен пат дресот на Милан го облече Оливие Жиру кој заминува во Лос Анџелес, а беше стартер во Перт.
Даниеле Де Роси и Даниеле Бонера, бидејќи Милан нема назначено наследник на Пиоли, одбраа атрактивни стартни состави за околу 60.000 навивачи во Австралија.
Актерите на теренот ги оправдаа очекувањата од голгетерска гледна точка. Резултатот го отвори Томазо Балданци во 27. минута, а десет подоцна израмнување донесе Тео Хернандез. Во судиското продолжение водството на Рома ѝ го врати Тами Абрахам (2-1).
Вториот дел понуди уште четири гола и плејада млади играчи на двете страни, а особено кај Рома. Што се однесува до резултатот, Анхелињо погоди за 3-1 во 54. минута, но веќе следната Окафор намали. До крајот за „волчицата“ погодија Дибала и Азмун за високи 5-2.
Со овој натпревар заврши сезоната за двете екипи.