Ливерпул со неверојатни 6-1 го декласираше на гостувањето Лидс и ја прекина лошата серија на резултати со која пристигна на ова гостување.

Екипата на Јирген Клоп пред овој натпревар имаше серија од четири натпревари без победа во Премиер лига, во кои освои само два бода.

Ливерпул денеска имаше заблеска по кризен период, овојпат на свој грб гневот го почувствува Лидс кој води жестока битка за опстанок.

Серијата голови за Ливерпул ја отвори Гакпо, а ја затвори Дарвин Нуњез, меѓу тие два гола по двапати во листата на стрелци се запишаа Салах и Диого Жота.

Единствениот погодок за Лидс беше дело на Синистера.