Лео Меси е роден во Росарио и Њувилс е еден од двата аргентински гиганти од овој град, но никогаш не заигра фудбал за овој клуб, иако тргна во пионерските денови, но поради проблеми со хормоните, замина во Барселона, каде помина повеќе од две децении пред да замине пред две години во ПСЖ, а летово во Интер Мајами.
„Од секогаш сакав тоа да го направам, посебно сега после освојувањето на Светското првенство и сета таа еуфорија која владее во Аргентина. Сакав да уживам во аргентинскиот фудбал, играјќи за Њувилс Олд Бојс, зашто како дете одев на тренинзите на овој клуб и сон ми е да заиграм за нив“, рече Меси.
Меси после тешките две години, посебно последната полусезона, процвета повторно во Мајами и игра среќен фудбал, па иако има отворен договор до 2026 година, нема да биде изненадување ако и порано реши да замине и пред крајот на кариерата да заврши во родниот град и во омилениот клуб.
Ако се случи враќање во Росарио, сигурно е дека Меси ќе игра за ситни пари, зашто ниту еден аргентински клуб, па ни најголемите Бока јуниорс и Ривер плејт немаат толку пари за да платат ни приближно од тоа што сега го заработува.