Саудискиот Ал Наср со 4:3 славеше над Ал Ахли во дербито на 7 коло во првенството на Саудиска Арабија. Кристијано Роналдо и Талиска постигнаа по два гола и тоа беше доволно за радост на домашниот тим.

Интересно е дека Роналдо покрај головите, имаше и едно неверојатно промашување, кое може да го видите ТУКА.

За Ал Наср ова е седма победа по ред во сите натпреварувања.

Со двата гола на денешниот дуел, Роналдо постави уште еден рекорд. Тој е единствениот фудбалер кој на 215 натпревари постигнал барем по два погодоци.

Во 2023 година Роналдо постигна 34 погодоци и единствено Ерлинг Халанд со 36 гола е пред него по бројот на погодоци во тековната година.