Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра извонреден натпревар за шкотскиот Абердин, во триумфот над Рос Каунти (4-0) во рамки на шкотскиот шампионат.

 

Миовски беше стартер, а го покажа својот квалитет со два гола и една асистенција. Бојан прво реализира во 21. минута за предност на Абердин по еден корнер, а потоа на стартот на вториот дел го проигра МекГрет за предност од 3-0. Во 52. минута македонскиот репрезентативен центарфор постигна уште еден гол и ја запечати победата на својот тим, прва во оваа сезона.

Во средината на вториот дел, во 72. минута, тренерот реши да го повлече Миовски од теренот и да му даде одмор. Ова е најдобриот натпревар на Бојан Миовски во дресот на шкотскиот премиерлигаш сезонава.

Со денешното издание, Бојан Миовски дојде до бројката од седум гола сезонава во Абердин.