Животната сопатничка на Пике обично е мирна после големи натпревари, но овојпат Шакира реши да се огласи на социјалните мрежи и го „поздрави“ Реал со дополнителна порака посветена на својот сакан.
Чави пред „Ел Класико“ откри дека Пике се соочува со физички проблеми, но се става на располагање за да му помогне на тимот, а во таа насока одеше и пораката која ја испрати Шакира.
– Жерард не ми дозволува да ги кажувам овие работи јавно. Но, само тој со својот хероизам може да игра вака со повреда и да ги надмине сите болки. Секогаш го дава најдоброто. Не бидејќи е мојот маж, но тој е најдобриот стопер во светот, – порача Шакира со покажана „четворка“ на фотографијата.